Закани со пиштол во центарот на Скопје: Возач на „порше“ нападнат, оштетено возилото
Драматичен инцидент со закани со огнено оружје се случил ноќеска во централното подрачје на Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, на 13 декември 2025 година во 04:20 часот во СВР Скопје, А.Б.(19) од Скопје пријавил дека околу 00:10 часот, додека управувал патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, патот му бил попречен од две други возила. Од нив излегле неколку лица кои, како што е пријавено, му се заканувале со пиштол, при што еден од напаѓачите со рачката од пиштолот го оштетил ветробранското стакло на возилото.
Во обид да се спаси и да побегне од местото, младиот возач удрил во паркирано товарно возило, по што го напуштил местото на настанот. Засега нема информации за повредени лица.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и за идентификација на лицата инволвирани во инцидентот.





