Закажана прес-конференција: Утре во 09:30 часот Обвинителството и МВР ќе соопштат детали за убиството на Вања

Прес-конференцијата е закажана во просториите на Јавното обвинителството

На пресот се очекуваат повеќе информации за улогата на скопјанецот Љ.П., за кого се тврди дека е во бегство, како и за член на семејството, за кого наводно постојат сомневања дека е дел од групата вмешана во случајот. Се очекува и објаснување за квалификацијата ,,користољубие” која е употребена во вечерашното соопштение за мотивите за убиствата

Јавното обвинителство и МВР утре на прес-конференција се очекува да соопштат детали за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, која седум дена се водеше за исчезната.

Прес-конференцијата е закажана за во 9:30 часот во просториите на Обвинителството.

На пресот се очекуваат повеќе информации за улогата на скопјанецот Љ.П., за кого се тврди дека е во бегство, како и за член на семејството, за кого наводно постојат сомневања дека е дел од групата вмешана во случајот. Се очекува и објаснување за квалификацијата ,,користољубие” која е употребена во вечерашното соопштение за мотивите за убиствата.

Претходно вечерва од Обвинителството сооштија дека денеска било пронајдено безживотното тело на Вања, како и дека од истрагата било утврдено дека таа е земена со возило од влезот на живеалиштето. Од обезбедените информации од распитот, според ЈО, утврдено е дека Вања била убиена истиот ден (27.11.2023 г.) околу 10 часот.

„Веднаш по добивањето на пријавите за исчезнатите лица, преземени се мерки и активности за нивно пронаоѓање, а во СВР Скопје беше формиран и посебен Оперативен штаб, на чело со началникот на СВР Скопје. Извршени се претреси во домови и други простории на подрачјата на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип, при што пронајдени и одземени се мобилни телефони, компјутери, возило и др., извршени се бројни разговори со семејствата, познаниците, пријателите и лица кои би можеле да имаат било каква информација, а во истражните дејства секојдневно беа вклучени неколку стотини полициски службеници кои работеа исклучиво на овие случаи. Увид на двете локации каде беа пронајдени телата на исчезнатите денеска извршија јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство Велес. Издадени се наредби за обдукции на телата на жртвите и за соодветна идентификација. Исто така, издадени се наредби за прибирање и вештачење на сите траги и докази од двете локации“, соопштија вечерва од Јавното обвинителство

Back to top button
Close