Заклучоци од седницата на Централното претседателство на ДУИ: Да се оди веднаш на предвремени парламентарни избори

Главниот заклучок од денешната седница на Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) беше јасен и едногласен: Да се оди веднаш на предвремени парламентарни избори, се вели во соопштението на Демократската унија за интеграција, коешто МИА го објавува интегрално.

Овој став е заеднички и на сите партнери во рамки на коалицијата Национална Алијанса за Интеграција, кои оценуваат дека по три изборни циклуси по ред – претседателски, парламентарни и локални – волјата на граѓаните е јасна, недвосмислена и во поддршка на НАИ.

Во период пократок од една и пол година, граѓаните на Република Северна Македонија три пати по ред го дале своето доберба на Националната Алијанса за Интеграција, правејќи ја неоспорен победник на национално ниво.

На локалните избори одржани во неделата, НАИ повторно ја потврди својата политичка и национална предност.

Фактите се упорни и непобитни:
• На изборите за општински совети, НАИ има предност од над 23.000 гласови на државно ниво;
• Во трката за градоначалници, разликата е над 21.000 гласа во корист на НАИ;
• Според бројот на советници, НАИ има 159 советници, наспроти 122 од спротивниот политички камп;
• И, доколку парламентарните избори се одржеа истиот ден, НАИ ќе имаше 20 пратеници, наспроти 15 на политичките ривали.

На изборите за општински совети, Национална Алијанса за Интеграција победи во огромното мнозинство општини, меѓу кои: Боговиње, Врапчиште, Гостивар, Липково, Пласница, Сарај, Струга, Студеничани, Чашка, Бутел, Велес, Гази Баба, Зелениково, Јегуновце, Крушево, Куманово, Ресен, Чучер Сандево, Шуто Оризари, Карпош, Маврово и Ростуша, со вкупно 159 советници.

Во изборите за градоначалници, Алијансата Национална за Интеграција победи во 5 општини: Гостивар, Липково, Врапчиште, Пласница и Чашка, а ќе оди во втор круг во уште 5 општини, меѓу кои: Тетово, Кичево, Струга, Боговиње и Студеничани.

Во овој контекст, Демократската унија за интеграција оценува дека единствено решение за политичка и институционална стабилност на земјата се предвремените парламентарни избори.

Граѓаните ја изразија својата волја три пати по ред, и секој обид да се игнорира овој факт е неразумен и антидемократски.

ДУИ бара мандатот да им се врати на граѓаните. Нека одлучи народот кој ја има легитимноста да ја води државата и да го продолжи евроатлантскиот процес, еднаквото претставување и политичката стабилност.

ВРЕДИ боледува од синдромот на Газиместан, зборува со патетика, но губи со факти. Додека Националната Алијанса за Интеграција зборува со бројки, со резултати и со легитимитет потврден на секои избори.

Националната Алијанса за Интеграција е победник на национално ниво. Граѓаните зборуваа јасно. Сега е време политиката да слуша.

Ајде, веднаш да одиме на предвремени парламентарни избори!

Back to top button
Close