Заклучоците за Онкологија се напишани во белата палата тврдат од СДСМ


Срамната и неодговорна е злоупотребата на Анкетната комисија за случајот Онкологија од страна на ВМРО-ДПМНЕ и претседателката Рашела Мизрахи, изјави Даниела Марковска, пратеничка на СДСМ, откако и денеска нема закажано седница на Анкетната комисија за случајот „Онкологија“.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мизрахи покажаа дека нивната цел со комисијата воопшто не била вистината, не биле пациентите, немале намера воопшто нешто да преземат, освен политички да ја злоупотребуваат Комисијата за ширење на невистини и манипулација на граѓаните. Јавноста и ние пратениците се сомневаме дека намерата на ВМРО-ДПМНЕ е да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја попречува. А тоа се потврдува“, вели Марковска.СДСМ смета дека во текот на вчерашниот ден Мизрахи и ВМРО-ДПМНЕ направила преседан во македонското Собрание.

„Заклучоци напишани во Белата Палата, без ниту еден доказ и без основа, беа прочитани и комисијата прекината. Без притоа воопшто и да се направи обид да се дојде до заеднички заклучоци, усогласени од членовите на Анкетната комисија. Ваков скандалозен однос кон случајот, кон Комисијата, кон пациентите е недозволив. Ние се спротивставивме за оваа злоупотреба, за овој преседан по што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, виде јавноста, цел ден бегаа од седницата. Еве истото се случува и денеска. Сомнително е и тоа што единствено Милан Ристевски не беше пред анектната комисија, но за ова дополнително ќе се информираме. Сега јавноста нема доверба во Мизрахи ниту во Комисија“, вели Марковска.

СДСМ бара оставка од Рашела Мизрахи поради „сите злоупотреби на комисијата“.

Back to top button
Close