Закон за задолжително носење маски во Холандија

Во Холандија денеска стапи во сила закон со кој се воведува задолжителна употреба на заштитни маски со цел да се забави ширењето на коронавирусот. Обврската да се носат маски во јавни згради, вклучително и училишта, супермаркети и ресторани, ќе трае три месеци.

За оние што ги прекршуваат мерките, предвидени се казни до 95 евра. Владата на Холандија, земја во која делумно „заклучување” е во сила од 13 октомври, не препорачуваше носење маски од ткаенина од март до септември, освен во јавниот превоз, во согласност со советот на Националниот институт за здравство (РИВМ).

Сепак, на 30 септември, владата го смени ставот и одлучи „силно да советува” употреба на маски на јавни места со многу луѓе.

Back to top button
Close