Законски измени за „атентат“ на случаите за злоупотреби на СЈО

Законски измени наменети за ослободување на конкретни луѓе. Вака ги коментира судија за БИРН предложените законски измени во Кривичниот законик, кои, како што вели, како да се насочени директно кон обвинети што треба да бидат ослободени од одговорност преку побрзо застарување на делата, пренесува Призма.

А речиси и да нема обвинение од поголемите случаи на поранешното специјално јавно обвинителство што не би било погодено од овие итни законски измени.

 

Од набавката на опремата за УБК во предметот „Трезор“, потоа предметот за градбата на автопатиштата „Траекторија“, до случајот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“, двата предмета „Талир“…

 

Но, тоа не е сѐ. Погодени од овие промени би биле и отворените истраги, како на пример за проектот „Скопје 2014“, во кој, едно од делата е злоупотреба на службената положба и овластување.

 

Тоа значи дека голем број поранешни функционери би се офајдиле од предложените измени. За нив веднаш или за кратко време би запрел кривичниот прогон. Трошоците за водењето на судските постапки би паднале на товар на државниот буџет.

 

Со предлог-законот се бришат ставови и се пропишуваат пониски казни за кривичните дела сторени со корупција.

 

Некои од случаите би требало да бидат затворени веднаш штом се изгласаат измените. За други, пак, значително се намалува времето на застарување.

За протнување слични законски измени, со кои се интервенира во казнената политика, веќе еднаш во 2018 се кренаа на нозе граѓанските организации, и по притисокот од јавноста и законските измени не поминаа онака како што беа предложени во парламентот.

Повеќе

Back to top button
Close