Залутан куршум паднал во продавница за бела техника во Куманово

Куршум паднал во продавница за бела техника во Куманово, информираше денеска полицијата.

Како што информираат од СВР Куманово, вработена во продавница за бела техника на улица „11-ти Октомври“ во Куманово, пред два дена пријавила дека зрно од огнено оружје го пробило кровот и паднало во продавницата.

Полициски службеници излегле на местото и зрното било подигнато за понатамошна постапка. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Back to top button
Close