Заменик директорот на Македонија пат негира дека ја застрелал мечката. Ја нашол усмртена од сообраќајка?
Денеска од Анима Мунди обвинија дека заменик директорот на Македонија пат, Сашо Дранго, застрелал мечка која со закон е целосно забранета за лов, но тој ја негира информацијата.
Иако на фотографијата јасно се гледа дека заменик директорот носи и пушка со снајперски дурбин и стои покрај мртва мечка, во снег, среде шума, тој за ТВ Телма, негира дека ја убил. Вели дека мечката била усмртена при сообраќајна несреќа. Истакнал и дека решавање на случајот ќе бара преку судски процес. Тој сподели дека во лов на мечки бил во Финска од каде има фотографии со мечки.
„Сега пред еден месец имав случка и слика со мечка која на патниот правец Битола-Ресен беше усмртена при сообраќајна незгода. Па како вработен во Македонија пат бев таму за што има записник и во полициската станица во Битола и таа мечка ја отстранивме од коловозната лента во месноста ротино-битолско. Станува збор за таа мечка која е на фотографијата“, изјави Сашо Дранго, заменик директор на Македонија пат.
Според македонското законодавство за мечката има трајна забра за лов. Во Законот за дивечот и ловството, во Член 11 стои дека мечката како дивеч е под заштита и секое нејзино ловење, прогнување или вознемирување е строго забрането, додека во член 14 е наведена трајната забрана зе нејзин лов