Заменик министер од коалицијата Вреди глумел шериф во Тетово – полицијата му го привела возачот
Заменик-министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, во моментов е пред полициската станица во Тетово каде се приведени три лица, меѓу кои и возачот на Сулејмани и внукот на возачот, јавува Инфомакс повикувајќи се на свои извори.
Според се уште неофицијалните информации, интервентна полиција запрела внук на возачот на Седат Сулејмани, за да го легитимираат, а внукот се јавил да се пожали, по што возачот на Сулејмани отишол на местото на настанот да реагира. Полицијата ги привела двајцата, заедно со уште едно лице и сите наводно се во полициска станица
Информацијата до овој момент нема официјална потврда од полицијата.