Заменик-министерката за правда очекува предлогот за уставни измени да биде готов до крајот на јуни
Земјава го почна патот кон ЕУ, но за да продолжи понатаму неопходно е да бидат направени уставните измени, како што е договорено со преговарачката рамка и скринингот, вели заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ
Заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ очекува работната група за измени на Уставот да ја заврши работата и да достави предлог до крајот на наредниот месец.
Во вечерашното гостување на ТВ 24, таа истакна дека земјава го почна патот кон ЕУ, но за да продолжи понатаму неопходно е да бидат направени уставните измени, како што е договорено со преговарачката рамка и скринингот.
„Само уставните измени се патот кон ЕУ. Работната група е формиДенеска рана од експерти и претставници на политички партии, Министерството за правда ја формираше за да го изготви нацрт предлогот и иницијатива за отворање на Уставот. Во моментот кога имаше конститутивна седница со министерот отидовме, се договоривме, почне работа, беше врачено решение од наша страна и потоа ги оставивме за сето она што оно ќе го работат, за методологијата, начинот, роковите, принципот на работа ги оставивме сами да се договорат. Нашата препорака беше тоа да го направат што поскоро. За еден месец треба да се излезе со тој предлог и верувам дека работната група од 23 членови ќе го изготват сето тоа до крајот на јуни“рече Аврамовска-Мадиќ.
На прашањето колкав надомест земаат членовите на работна група, Аврамовска-Мадиќ рече дека досега никој од 23 членови-експерти на работната група за подготовка на уставните амандмани не го споменал тоа.
„Сите дојдоа со добра волја, не сме разговарале за тоа. Ниту прашаа ниту со министерот сметавме дека тоа е приоритетно. Јавноста ќе биде известена откако ќе разговараме за тоа“, рече Аврамовска-Мадиќ.