Заменик правобранител: На совест ќе го носите Тони сите вие кои имавте допир со неговото барање да добие извод

Сите надлежни државни органи кои имаа допир со барањето на Тони Сали, а беа против неговиот упис во Книгата на родени, отсега овој случај ќе го преземат на својата совест, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК заменичката-народен правобранител Сузана Салиу, која со години се обидувала да му помогне.

Тони Сали почина во својот дом на улица Индира Ганди во скопската населба Шуто Оризари во средата навечер. Починал по прошетка. Полицијата соопшти дека на телото немало траги на насилство.

„Тони во матичната земја каде беше роден, бараше само извод на родени, само утврдување на еден матичен број. Не бараше два матични броја, не бараше фалсификуван пасош. Го бараше најосновното човеково право“, вели Салиу.

Народниот првобранител со години водеше постапка за уписот на овој матурант во матичната книга на родени, но не успеа, а 19- годишното момче почина.

Целата вест може да ја прочитате ТУКА.

Back to top button
Close