Заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска на состанок на лидерите на ПЕС

Заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска учествуваше на средбата на лидерите на ПЕС во пресрет на утрешната седница на Европски совет.

Главна тема на средбата на лидерите на ПЕС беше предложениот план за социо-економско закрепнување на ЕУ во време на COVID-19 кризата како и седумгодишниот Буџет на ЕУ кои треба да бидат усвоени во наредниот период.

Заменик-претседателката Шекеринска се заблагодари за финансиската помош на ЕУ за Западен Балкан и Северна Македонија во време на кризата и истакна дека тоа е уште еден доказ дека заедничките предизвици најдобро ги надминуваме заедно и дека европската солидарност останува една од најважните вредности кои и конкретно се покажуваат на дело.

Исто така, Шекеринска изрази благодарност за големата и искрена поддршка која политичкото семејство на европските Социјалисти ја дава на СДСМ за убедлива победа на изборите на 15 јули и зацврстување на вистинскиот курс на нашата држава кон членство во ЕУ, економски напредок и грижа за сите граѓани подеднакво.

Заменик-претседателката на СДСМ истакна дека Северна Македонија со нетрпение ја очекува преговарачката рамка со ЕУ што поскоро и формално започнување на преговорите со ЕУ до крајот на 2020 година што ќе донесе нов циклус на реформи, напредок и развој на нашата држава и нашата економија.

 

Back to top button
Close