Заменик режисерот на филмот „Rust“ призна: Не ги проверив сите куршуми

Заменик режисерот на филмот „Rust“ (‘Рѓа), кој на Алек Болдвин му предаде пиштол со кој актерот подоцна ја уби директорката на фотографија, призна пред истражителите дека не ги проверил сите куршуми во оружјето со кое беше застрелана Халин Халинс.

Дејвид Халс се сеќава дека, откако оружарката Хана Ред Гутереш му го покажала пиштолот, видел само три куршуми. Рече дека требал да ги провери сите, но не може да се сети дали таа го проверила чкрапалото, изјави детективката Александрија Хенкок.

Ладен пиштол

Во извештајот стои дека сведоците слушнале оти Халс „викнал“ ладен пиштол што се однесува за пиштол без куршуми или за куршуми што не содржат барут и не може да експлодираат пред да му го предаде на Болдвин, пишува „Си-Ен-Ен“.

Инцидентот се случи во четвртокот попладне на снимањето на филмот „Rust“ на ранч Бонанца Крик, јужно од градот Санта Фе. Актерот Алек Болдвин за време на вежбањето на ивлекување на пиштолот ја погоди и усмрти директорката на фотографија Халина Халинс и го рани режисерот Џоел Соуза. На Болдвин му било речено дека пиштолот е празен и не е опасен.

Изјава на оружарката

Полицијата изврши претрес на комбето што се користи за складирање на оружје и реквизити на сетот на филмот „Rust“. Оружарката Рид Гутереш им рече на истражителите дека ги проверила лажните куршуми и се уверила дека на станува збор за вистински. По проверката, оружјето било оставено на колички на сетот и не било осигурано.

Таа додаде дека неколку пати во текот на денот му го додала пиштолот на Халс и на Болдвин.

Back to top button
Close