Замрзнување на цените или субвенции за производителите – објаснува Бектеши како две можности во случај на ценовен шок

Министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарското прашање, во врска со тоа дали знае што се случува со цените во продавниците низ земјата и што ќе превземе Владата во однос на заштитување на стандардот на граѓаните, одговори дека ќе интервенираат.

„Ако предвидиме дека ќе има ценовни шокови, тогаш ќе интервенираме во рамките на нашите надлежности и согласно Законот за трговија“, ијзави Бектеши потенцирајќи дека не се спрема никаква реакција, но ги откри двете можности.

– Постојат две можности. Една е сувбенционирање на производителите, со цел помали цени. Но, прашањето е дали со домашното производство може да се задоволи потрошувачката. Ако не може, тогаш може да се ограничат увозните цени, со тоа што ќе се лимитира маржата. Ние бевме единствена земја во регионот која  на почетокот на пандемијата ги замрзна цените на одредени продукти, и ако треба, тоа пак ќе го направиме – рече Бектеши.

Back to top button
Close