Западни медиуми: Трамп од 1 Март воведува царини за Мексико и Канада, Белата куќа демантира
Се очекува претседателот на САД, Доналд Трамп да објави нови царини против Канада и Мексико, што ќе се воведат од 1 март, но ќе вклучуваат процес за земјите да бараат конкретни исклучоци за одреден увоз, јавија американски медиуми повикувајќи се на извори.
Според американските медиуми, ниедна одлука не е конечна додека Трамп не објави јавно соопштение.
Изворите рекоа дека немаат детали за конечната царина, но истакнаа дека Трамп постојано кажува дека планира да воведе царина од 25 отсто на увозот од двете земји в сабота.
„Можам да потврдам дека утре, рокот на 1 февруари што претседателот Трамп го постави во изјавата пред неколку недели, продолжува да важи. Претседателот утре ќе објави за воведување царини од 25 отсто за Мексико, царини од 25 отсто за Канада и 10 отсто за Кина“, изјавио портпаролката Каролин Левит на брифинг