Запален билборд на Арбен Таравари  кај Зоолошката градина

Соопштение на ВРЕДИ:

Коалицијата ВРЕДИ го крева гласот за палење на билборд на кандидатот Арбен Таравари, на полноќ, во Скопје. Виновниците мора да бидат казнети со закон, затоа што ќе бидат тешко казнети и со гласање. Билбордот веднаш ќе биде заменет, но тие ќе изгубат.

Денеска на полноќ бевме известени дека бил опожарен еден билборд од кандидатот Арбен Таравари на улицата кај Зоолошката градина во Скопје. Би сакале да веруваме дека е несреќа, но билбордот од другата страна воопшто не беше допрен.

Back to top button
Close