Запален деловен простор на Адвокатската комора, нема повредени
Во СВР Скопје утрово, во 3:16 часот, било пријавено дека на улица „Методија Шаторов – Шарло“ во Општина Аеродром бил опожарен стан – деловен простор на Адвокатската комора на Северна Македонија.
Како што соопшти МВР, повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ).
– Увидот е во тек и го вршат увидна екипа од СВР Скопје, Одделот за форензички испитувања при МВР и јавен обвинител, информира МВР