Запалено такси „ауди А6“ во Аеродром

Патничко возило „ауди А6“, кое било користено како такси, изгоре во пожар што избувнал синоќа во скопската општина Аеродром, информира Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, настанот бил пријавен на 19 март во 22:10 часот. Возилото било сопственост на правно лице од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во инцидентот нема повредени лица.

На местото бил извршен увид, а причините за избувнување на пожарот се утврдуваат.

Back to top button
Close