Запалено возило во Аеродром

Пожар на патничко моторно возило бил пријавен рано утринава на подрачјето на Општина Аеродром во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 22 февруари 2026 година, во 04.37 часот, во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар на патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.А. (48) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close