Запалил жена во метро во Бруклин и мирно седел додека таа горела, полицијата го уапсила
Полицијата се уште работи на идентификување на жртвата и мотивот за нападот
Жена која спиела во метро-станица во Бруклин починала откако вчера била запалена, соопшти њујоршката полиција.
Според полицијата, околу 7:30 часот, осомничениот ѝ пришол на жртвата и намерно ја запалил пред да побегне од местото на настанот.
Полицијата вели дека осомничениот користел запалка за да ја запали облеката на жртвата, која целосно се зафатила за неколку секунди.
Полициската комесарка Џесика Тиш вели дека жртвата починала на самото место додавајќи дека осомничениот бил уапсен по дојава од група средношколци додека се возел со метро. Според полицијата, ниту еден друг патник не е повреден во инцидентот.
Полицијата се уште работи на идентификување на жртвата и мотивот за нападот