Запалиле возило на фирма, а изгореле уште три – МВР со детали за пожарот кај Зебра

МВР информира дека во утринскиот пожар изгореле четири возила.

-На 27.08.2025 во 02.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територија на Центар, било опожарено патничко моторно возило „фиат” со скопски регистарски таблици, сопственост на правно лице, а од огнот биле зафатени и патнички моторни возила „шевролет авео” со охридски регистарски таблици, сопственост на М.И. (21) од Охрид, „фиат пунто” со скопски регистарски таблици, сопственост на Е.Т. (20) од Скопје и „сузуки” со скопски регистарски таблици, сопственост на С.М.(54) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а увид ќе се врши во текот на денот, информираат од МВР.

Фото: канал77

Back to top button
Close