Запленети 22 часовници вредни 272 илјади денари

Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје при контрола на куферите на еден патник од Турција откриле 22 часовници од брендот „Ника“ во вкупна вредност од 272 илјади денари кои тој не ги пријавил при влез во државата.

Од Царинската управа денеска информираа дека патникот кој пристигнал со лет од Истанбул, а бил саатчија по професија, на прашањето на царинските службеници дали има нешто за пријавување, одговорил дека нема ништо, по што бил упатен на контрола со скенер.

Часовниците се запленети, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка

Back to top button
Close