Запленети близу 37 000 пиротехнички средства во Кичево, приведено едно лице

 Полициски службеници од ОВР Кичево, по претходно добиени оперативни сознанија, вчера извршија контрола во правно лице во Кичево, чиј управител е Е.Е. (44) од Кичево, кај кого била пронајдена поголема количина пиротехнички средства.

– При прегледот се пронајдени и одземени пиротехнички средства, по што е извршен и претрес, по добиена наредба од Основен суд Кичево, во дом и други простории на Е.Е., при што е пронајдена поголема количина пиротехнички средства. Вкупно се запленети 36576 пиротехнички средства, а Е.Е. е приведен и протов него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Back to top button
Close