Запленети хероин и марихуана, приведен дилер од Кичево

Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција- ОВР Кичево денеска во 12:35 го приведоа Ф.И. (30) од Кичево, бидејќи кај него биле пронајдени хероин и марихуана.

– По претходно добиени оперативни сознанија, на ул. Прилепска во Кичево бил запрен мотоцикл управуван од Ф.И. и кај него биле пронајдени 38 паковки со хероин и три паковки со марихуана наменети за продажба. Против Ф.И., по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Back to top button
Close