Запленети околу 4000 пиротехнички средства во Дебрца

Полицски службеници при претрес на два маркети во селата Белчишта и Злести пронашле речиси 4.000 разни пиротехнички средства, информира Министерството за внатрешни работи.

– На 23 и 24.12.2020 од страна на полициски службеници на СВР Охрид во полициска станица биле повикани Г.В. (39) од село Белчишта, Општина Дебрца, шеф на два маркета во селата Белчишта и Злести и С.Г. (46) од село Србјани, Кичевско, сопственик на маркетите, затоа што при претрес во нив, извршен со судска наредба и во координација со јавен обвинител, биле пронајдени 3.963 разни пиротехнички средства.

Од МВР соопштија дека пиротехничките средства се одземени и по целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава. р

Back to top button
Close