Запленети речиси 35.000 непријавени евра во автобус кој во земјава дошол од Германија
Полицијата во автобус на туристичка агенцијa од Тетово кој сообраќал на релација Германија-Македонија пронајде непријавни околу 35 илјади евра и повеќе канти за кои сопственикот немал дозвола за транспорт.

-Денеска од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција на подрачје на СВР Тетово сопрен е автобус “мерцедес” сопственост на туристичка агенција управуван од Р.Ф.(37) од с.Доброште, тетовско кој се сообраќал на релација Германија-Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што објаснуваат од Министерството при преглед на автобусот во приколката се пронајдени повеќе канти за кој лицето не поседува документи и дозволи за транспорт






