Започна бушењето на тунелот на експресниот пат Градско – Прилеп

Започна бушењето на тунелот на експресниот пат Градско – Прилеп, а изградбата се очекува да биде завршена за една година, информираше денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Тунелот е составен од две цевки, во правец кон Прилеп со должина од 139 метри и кон Градско со должина од 159 метри.

Увид на градежните работи за бушење на тунелот кон Прилеп, на делницата Дреново – Фаришка клисура денеска извршија министерот Бочварски, директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми и заменик директорот на ЈП за државни патишта, Благојче Трпевски.

 

„Сакам да ги информирам сите граѓани од овој регион дека експресниот пат од Градско до Прилеп и на двете делници  се гради со полна пареа. Нема повеќе калкулации. Денеска со директорот на ЈП за државни патишта  се наоѓаме на увид на бушење на тунелот кон  Прилеп, еден од најкаректеристичните објекти на оваа траса.  Овде ќе се изградат две тунелски ленти, едната кон Прилеп со должина од 139 метри и другата кон Градско со должина од 159 метри. Изведувачот е комплетно мобилизиран и на располагање ги има сите потребни ресурси од кадар, работна сила, механизација со опрема и материјали за изведба на тунелите согласно динамиката на изградба – изјави министерот Бочварски.

Back to top button
Close