Започна чистката во Јувентус, Пирло ги „шкртна“ Игуаин и Кедира

– Андреа Пирло, новиот тренер на Јувентус, веќе започна со драстични промени во играчкиот кадар на италијанскиот шампион.

Според медиумите на Апенините, Пирло им се заблагодарил на двајцата фудбалери – Гонзало Игуаин и Сами Кедира.

И на двајцата играчи им останува уште една година од своите договори, а клубот во моментов бара начин како да се реши ситуацијата, па опцијата за плаќање на остатокот од договорот е најверојатна.

Игуаин го оптеретуваше буџетот за плати доста со седум милиони евра годишно, а оваа сезона постигна осум гола на 32 натпревари.

Од друга страна, Кедира минатата сезона одигра само 12 натпревари, што беше обележана со проблеми со повреда на коленото.

Така, Пирло, кој во петокот го донесе поранешниот играч на репрезентацијата на Хрватска, Игор Тудор, како негов асистент, нагло започна со реконструкцијата на тимот, што ќе биде негова главна задача ова лето.

Пред Игуаин и Кедира, клубот од Торино го напушти и Французинот Блеиз Матуиди, кој својата кариера ќе ја продолжи во МЛС, поточно во екипата на Интер од Мајами, чиј сопственик е Дејвид Бекам.

Back to top button
Close