Започна гласањето, први за претседател гласаа членовите на избирачките одбори кои ќе отпатуваат на 31 локација

Членовите на избирачките одбори кои ќе патуваат во странство гласаа за своите фаворитите во првиот круг од претседателките избори.

Добија и билети до крајните дестинации каде што ќе го организираат изборниот циклус. На овој гласачкиот список се најдоа 191 кои патуваат на 31 локација.

Гласање ќе има во Абу Даби, Белград, Берлин, Виена, Венеција, Мелбурн, Минхен, Чикаго, Анкара, Софија, Мадрид и други градови, пишува МРТ.

Нашинците од дијаспората гласаат во вторник, од 7 до 19 часот по локално време. Ова право ќе го искористат 2.571 наш државјанин. Истиот ден ќе гласаат болните и изнемоштени лица, како и затворениците.

фото: тв21

Back to top button
Close