Започна „Марш за ангелите“ во Кочани: Шест месеци од трагедијата што одзеде 62 животи
Денеска во Кочани се започна „Марш за ангелите“, по повод навршување шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“, кога во пожарот животот го загубија 62 лица. Настанот беше организиран од родителите на настраданите, како потсетување на изгубените животи и апел за правда и одговорност.