Започна седмиот круг преговори меѓу ЕУ и Велика Британија за односите по Брегзит

– Преговарачите на ЕУ и на Велика Британија денеска го започнаа седмиот круг преговори за постигнување договор, со кој ќе се одредат сите аспекти на односите по Брегзит.

Главниот британски преговарач Дејвид Фрост и неговиот европски колега Мишел Барние вчера имаа работна вечера пред денешните преговори, кои ќе се фокусираат на прашањата за риболвните права во британските води и обезбедување дека државната помош нема влијае на фер конкуренцијата.

– Дел за државната помош во рамноправни услови и риболовот остануваат главните пречки. Ако се договори ова, остатокот ќе си дојде на свое место, рече дипломат на ЕУ. – Оваа рунда нема да донесе голем напредок, повеќе се очекува од последната рунда во септември, рече тој.

Британците пред четири години на референдум гласаа да ја напуштат ЕУ, а по тешките преговори, Велика Британија официјално ја напушти Унијата на 31 јануари.

Велика Британија сега е во преоден рок до крајот на оваа година, но договорот за идните односи со ЕУ ќе треба да биде склучен до октомври, за да се обезбеди нејзино ратификување до тој рок.

Доколку не успеат да постигнат договор, трговијата меѓу двете страни ќе се одвива според условите на Светската трговска организација, која би вклучувала царини  и квоти и би значело поголеми потешкотии за компаниите.

Back to top button
Close