Започнаа Деновите на македонската литература за деца во КИЦ Белград

Синоќа во нашиот КИЦ во Белград, пред бројни гости, меѓу кои и најмлади претставници на македонската заедница од Јабука, Р. Србија, започна манифестацијата “Денови на македонската литература за деца 2025”.

Книгоиздателството Едука претстави 6 најнови книги и сликовници за деца, а беше врачена и наградата ЛИТЕРАТУРНИ ПИШУВАЛКИ-ПРАШУВАЛКИ, која годинава за сликовницата “Пчеличката Баз”, ја доби авторката Билјана Лотеска.

Деновите на македонската литература за деца во Белград, продолжуваат денес со посета на детска градинка, каде на дечињата ќе им бидат подарени сликовници на македонски јазик како и ракотворби за деца со македонски обележја.
Третиот работен ден, утре 25 октомври ќе биде посветен на потпишување Меморандум за соработка помеѓу српското книгоиздателство за деца “Пчелица” и нашето книгоиздателство “Едука мак”. Потпишувањето на овој документ ќе се случи на Саемот на книгата, кој утре започнува во Белград.

Домаќин и организатор на овој тридневен литературен настан се нашиот КИЦ во Белград и директорот Васко Шутаров, идејниот автор, носител на проектот и соорганизатор на настанот Ели Маказлиева и Едука мак, а главен поддржувач на книжевното гостување во Белград, нашето Министерство за култура и туризам.






Back to top button
Close