Започнува Националното првенство во триатлон 2020 во Дојран

 На 20 септември започнува Националното првенство во триатлон во Дојран.

Натпреварот е во организација на Триатлон Федерацијата на Македонија и на Општина Дојран, помагатели се Агенцијaта за млади и спорт и Олимписки Комитет на Северна Македонија.  На настанот учествуваат над 80 учесници во 12 категории.

– Триатлон спортот во Македонија засилено расте и напредува и очекуваме убаво организирана и силна трка в недела во Дојран, истакнаа организаторите на Националното првенство во триатлон.

Организаторите на настанот апелираат до сите учесници без исклучок да ги почитуваат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19. Задолжително е носење маска пред и по трката, да се избегнуваат групирања, да се одржува физичка дистанца и редовна дезинфекција на рацете на пунктовите поставени за таа цел.

Back to top button
Close