Започнуваат градежните работи на делниците Извор-Врбјани и Ботун-Климештани, ќе има едногодишен режим на сообраќај

ГД „Гранит“ АД Скопје од денеска ќе започне со градежни активности за рехабилитација на државниот пат А2, делница Извор – Врбјани и рехабилитација на државниот пат А2 делница Ботун – Климештани каде согласно издаденото oдобрение од Министерството за транспорт се воведува времена измена на режим на сообраќај, информираат од компанијата.

Нагласуваат дека согласно одобрението од Министерството со број 11–6150/4 од 28 октомври 2025 година, времениот режим на овие две делници ќе се одвива во период од 30 октомври 2025 година до 28 октомври 2026 година.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close