Запреа последните возови – машиновозачите одат на работа, ама не возат

Машинскиот извршен персонал на „Македонски железници“ од денеска од 13 часот стапи во бојкот, што значи дека вработените ќе доаѓаат на работа, но нема да ги извршуваат работните обврски. Поради бојкотот, во прекин е патничкиот железнички сообраќај, односно возот за Битола не замина а, според најавите, нема да замине ниту возот за Гевгелија.

Од Синдикатот на машиновозачи велат дека бојкотот може да потрае бидејќи менаџерскиот тим на претпријатието нема слух за нивните барања. Очекуваат менаџерскиот тим да ги повика на средба и да разговараат за барања.

– Имаме вкупно 15 барања кои на 2 октомври ги доставивме до менаџерскиот тим. Ни беше одговорено два месеца подоцна односно на 28 ноември, во петокот добивме одговор со образложение дека претпријатието се наоѓа во тешка финансиска состојба и нема доволно средства за нашите барања – вели во изјава за МИА претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот извршен персонал Тони Димовски.

 

Back to top button
Close