Запрена дивоградба во Охридската чаршија: Се градел објект без дозвола во заштитена УНЕСКО зона

Министерството за транспорт информира дека Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам постапувајќи во рамки на своите надлежности преку вонредна контрола направи увид во изгрaдба на објект во општина Охрид, објект кој се наоѓа во заштитетната зона на Старото градско јадро во Охрид, поточно во Старата охридска чаршија.

„При увидот, констатирано е прекршување на одредбите од Законот за градење, односно инвеститорот вршел градежни активности без Одобрение за градење за конкретниот објект.

 

Во рамки на своите законски надлежности Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам донесе решение број ИП 1бр 74-137 од вонреден инспекциски надзор со кое се стопира изградбата и го затвора објектот за понатамошни градежни активности. Против инвеститорот ќе се поднесат соодветни пријави согласно законските прописи.

 

Засилените контроли на Инспекторатот за градежништво и урбанизам продолжуваат и во следниот период на територијата на целата држава.

 

Заштитата на Старото градско јадро на Охрид е со цел со цел да се спречат дејства, појави и влијанија со коишто може да настане оштетување, неповратно изменување, уништување или деградирање на споменичната целина.

Старото градско јадро на Охрид е составен дел од доброто заштитено како „Охридско природно и културно-историско подрачје од 1978 година, како и од „Природно и културно наследство на Охридскиот Регион“, впишано на Листата на светско наследство на УНЕСКО во 1980 година“, стои во соопштението од министерствотот за транспорт

Back to top button
Close