Запрени се градежните работи на автопатот Скопје – Куманово, причина е сообраќајката со две жртви од пред три дена
Во меѓувреме, правното лице треба да постави и одржува времена вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација со која ќе овозможи безбедно и непречено одвивање на сообраќајот на автопатската делница.
Непосредно по тешката сообраќајна несреќа, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица поради сомненија дека сториле кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Проверките за целосно испитување на кривичната одговорност за настанот се во тек, а по краткотрајниот притвор од 48 часа, по предлог на јавниот обвинител, на двете лица им се определени мерки на претпазливост.