Засилени контроли на терен на градските комунални редари во Скопје

Комуналните редари на Град Скопје неделава спровеле засилени контроли на терен, при што изрекле 18 казни за прекршување на Законот за јавна чистота.

Како што информираат од Град Скопје, покрај редовните контроли во урбаниот дел на градот, комуналните редари вршат и вонредни контроли и во руралниот дел на градот за да се спречи создавање диви депонии.

-Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор на јавните површини. Неселективно ќе се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните, се наведува во соопштението.

Back to top button
Close