Застојот на граничните премини сè уште трае – на „Табановце“ се чека 40 минути, на „Богородица“ половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен, информира АМСМ. На граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути. На преминот „Богородица“, пак, за излез се чека од 15 до 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, како што информира АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, а сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Back to top button
Close