„Застрашувачки смирено зборуваше за злосторството“, сведоштво за реакцијата на напаѓачот во Загреб

Напаѓачот од Загреб во петокот беше однесен во одделот за итна помош „Св. Дух“. Таму веднаш го примија и ги санираа раните кои сам си ги зададе. Тој бил при свест и свесен за злосторот што го извршил. Не е во животна опасност и комуницирал со докторите што го сместиле во одделот за интензивна нега:

„Во очите му се гледаше празнина, но знаеше што зборува. Точно го опиша тоа што го направи и каде бил, но не спомна деца. Зборуваше за своите рани. Нормално и застрашувачки смирено одговараше на прашањата на лекарите. Не беше ниту уплашен ниту шокиран. Нас нѐ шокираше како после таков настан може да комуницира без какви било потешкотии или проблеми во говорот. Моментално е под постојан полициски надзор“, изјавува сведок за 24sata.

 

 

Back to top button
Close