Застрелан 25-годишен скопјанец пред својот дом на Бит Пазар по расправија за сообраќај

Нерасчистени сообраќајни недоразбирања прераснале во вооружен инцидент во скопската населба Бит Пазар, при што 25-годишен маж бил застрелан пред својот дом. Министерството за внатрешни работи информира дека инцидентот се случил по полноќ, а повредениот бил пренесен во Ургентниот центар со прострелни рани во градниот кош и раката.

-На 06.08.2025 околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен О.Е.(25) од Скопје. Според пријавеното, околу 00:30 часот пред дворот од негова куќа на подрачје на Бит Пазар, поради недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу него и соседот Ќ.Ч., по што соседот физички го нападнал. Како што е пријавено, после тоа Ќ.Ч. и лицата М.Ч., Ш.Ч., О.Ч. и Б.М. влегле во дворот на О.Е. и физички ги нападнале и неговиот татко и брат Д.Е. и М.Е., при што Ќ.Ч. извадил пиштол, пукал и го погодил О.Е. во градниот кош и раката. Увид извршила екипа на СВР Скопје и на местото биле пронајдени три чаури. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави

Back to top button
Close