Затворен угостителски објект во Тетовско, работел три часа по дозволеното време

 Во тетовски Горни Челопек полицијата поради непостапување по прописи за време на епидемијата приведе сопственик на угостителски објект. Контролата била спроведена во 20.40 часот, по што објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат Тетово.

о претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане извршиле контрола во угостителски објект во село Горни Челопек, сопственост на Д.Р.(31) од село Горни Челопек.  При контролата било констатирано дека објектот работи и внатре биле затекнати 17 лица гости и сопственикот. Тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, информира СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик, односно за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Back to top button
Close