Затворена австриската „Комерсиалбанк“ поради лажирање на билансот
– Австриската банка „Комерсиалбанк Матерсбург“ доби налог веднаш да запре со работа поради лажирање на билансот и проневера.
– Банката мора да се ликвидира, изјави претседателот на австриската покраина Бургенланд, Петер Доскоцил.
Тој додаде дека поради лажирање на билансот голем број фирми и физички лица на крај ќе изгубат многу пари. Електростопанство на Бургенланд на сметката во „Комерсиалбанк“ имаше околу пет милиони евра.
Директорот на регионланата банка во покраината Бургеланд, Мартин Пухер по првото сослушување поднесе оставка и поднесе пријава против самиот себе.
Засега не може да се процени висината на штетата, а Институцијата за надзор на финансискиот пазар (ФМА) соопшти дека ситуацијата е „драматична“.
ФМА наведе дека влоговите до 100.000 евра по лице се осигурани и оти до таа сума граѓаните не треба да стравуваат за своите пари. ФМА за да спречи навала од граѓаните нареди затворање на девет филијали и централата на „Комерсиалбанк“.