Затворена групата „Јавна соба-резерва“ на која се споделуваа компромитирачки содржини

Затворена е групата на мрежата Телеграм „Јавна соба-резерва“ на која се споделуваа компромитирачки содржини, откако пред два дена беше поднесена пријава до МВР.

Од Секторот за компјутерски криминал и форензика тогаш информираа дека наидуваат на проблеми поради несоработката на Телеграм со полицијата.

Групата, која брои 1.456 члена, сега е преименувана во „Антинацистичка“.

Девојка која контактираше со Телма тврди дека и биле објавени податоци од профилот на ФБ со туѓи фотографии со порнографска содржина. Добивала непристојни пораки и била малтретирана по интернет по што го затворила профилот на социјалната мрежа. Податоците за оштетената скопјанка ги ставил профил со лажно име Артун Шелби.

Ова е трета по ред група на Телеграм во која се објавуваат фотографии, фото монтажи, податоци од социјални мрежи и телефонски броеви на девојки од Македонија.

Во првиот случај изречени  се  по четиригодишни затворски казни за креаторите на групата   Дарко Костовски и Михаил Паневски. И покрај законските промени и судските постапки, овие групи повторно се појавуваат  во јавноста.

Back to top button
Close