Затворени гласачките места во Србија

Во точно 20 часот ширум Србија затворени се избирачките места на редовните парламентарни, покраински и локални избори. Според првите прелиминарни податоци вкупно гласале 50,2 отсто од вкупниот број впишани гласачи.

Според невладината набљудувачка организација Црта, забележани се 0,5 отсто неправилности на избирачките места, како што е случајот со таканаречениот „бугарски воз“ на две изборни места во Зрењанин и на едно место во Пожаревац, тепачка на избирачкото место во Нов Белград поради бремена жена, обидот за контрола на избирачкиот список од неовластени лица во Свилајнац и напад врз новинарите на нишкиот портал Јужни вести, од лица кои биле снимени со непознати списоци во рацете.На изборите своето гласачко право беа во можност да го искористат 6.583.665 граѓани на 8.386 гласачки места, меѓу кои и на 140 места на Косово и во 42 амбасади на Србија.

Гласањето е проследено со многу малку странски набљудувачи- ОДИХР и мисијата ЕНЕМО (Европска мрежа на организации за мониторинг на изборите) чии извештаи ќе бидат основа за институциите на ЕУ да ја проценат исправноста и демократијата во изборниот процес на Србија.

Неофицијалните резултати се очекуваат да бидат соопштени уште вечерва, а официјалните резултати од изборите РИК ги објавува во Службен весник, не подоцна од 96 часа по завршувањето на гласањето.

Back to top button
Close