Затвореник итно пренесен на Клиника и таму починал

Затвореник од КПУ Затвор Скопје вчера со здравствени проблеми бил донесен на Клиника, по што починал.

„На 04.12.2023 во 07.43 часот во СВР Скопје била пријавено дека во 06.30 часот од Казнено-поправната установа Затвор Скопје во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со здравствени проблеми бил донесен Л.Ф.(1962) од Гостивар.

Во 07.55 часот лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција“ соопшти МВР.

Back to top button
Close