Затвореник од „Идризово“ на викенд-отсуство нападнал девојка во Охрид
Вчера во 15:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Р.С.(26) од Скопје.

Тој, за време додека користел отсуство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал казна затвор од пет години, во Охрид се сретнал со неговата поранешна девојка, по што физички ја нападнал.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена содветна пријава






