Затвореник од затворот Шутка почина на клиниката за Пулмологија
Денеска затвореник од истражниот затвор Шутка почина на клиниката за Пулмологија.
Директорот на затворот Филип Андов – Сокол за Либертас ја потврди веста и дополнително кажа дела починатиот притвореник уште пред еден месец бил опериран на клиниката Филип Втори, каде потоа бил хоспитализиран.
Откако бил вратен во затворот вчера се пожалил дека му се слошило.
Од затворот веднаш повикале Брза помош, го однеле на клиниката на Пулмологија во клиничкиот центар Мајка Тереза, каде денеска починал.
Затвореникот не е поврзан со вчерашниот инцидент во затворот Идризово.