Затворот во Шутка не е мексикански картел, тука му е гарантирана безбедноста на Груби – Утковски контра Обвинителство
Фото: КПУ „Скопје“ Бобан Утковски – директор на КПУ „Скопје“
Затворот „Скопје“ не е мексикански картел, може да ја гарантира безбедноста на секој штитеник, па дури и на поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој заврши во куќен притвор со образложение од Обвинителството дека МВР и АНБ процениле дека Груби не е безбеден во Шутка, дециден е директорот на Истражниот затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски.
Безбедноста овде е на прво место, а не е само притворското одделение во Шутка, има во Куманово, Гевгелија и Битола. Од мене не е побарано написмено да се произнесам за безбедноста на лицето Артан Груби. За МВР и АНБ не знам. За мене сето ова е произволно. Нека дојде кој сака и да каже кои параметри затворот „Скопје“ не ги задоволува. Кои се тие безбедносни критериуми што ние не ги исполнуваме? Не е точно дека не може да се гарантира личната безбедност на Груби. Со сиот свој интегритет гарантирам дека максимално е загарантирана безбедноста на секој еден штитеник, дури и на Груби. На крајот на денот ако толку ценат дека овде е небезбедно има и други институции како во Гевгелија, Битола и Куманово. Затворот „Скопје“ не е мексикански картел. Само тоа имам да кажам – вели Утковски.
извор слободен печат мк





