Затворската казна на Мијалков истекува дури следната пролет, но сепак има шанса да излезе наскоро

Тригодишната казна затвор на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, му истекува во април следната година. Тој по спогодбата за случајот ,,Империја” во струшкиот затвор влезе на 22 август 2022 година, а во казната му се засметуваат и четирите месеци кои претходно ги помина во притвор.

Но наместо следната пролет, постои можност Мијалков наскоро да излезе на слобода, бидејќи веќе го искористил законското право кое му следува и побарал скратување на казната. Ваквото барање првично му било одбиено од Кривичниот суд, а на 3 февруари истото е доставено до Апелација. Деновиве второстепениот суд ќе треба да пресече.

Повеќе

Back to top button
Close